Zeitgeist Movement Macedonia

 

 

 

 

 

Z-day 2012

Што сакате да видите на Z-day 2012?
 

Кој е онлајн?

We have 36 guests online

Драги наши истомисленици и поддржувачи на идејата за подобро утре,

 

После двегодишни активности во форма на проекции на  документарни филмови, организирање јавни дискусии, радио емисии и ТВ проекции, глобалните општествени случувања на голема врата го најавуваат колапсот на постоечкиот капиталистички систем,  при што принудени сме да дејствуваме локално за  работите кои и те како не засегаат , како иднината на нашите деца, подобрување на секојдневниот живот, намалување  на недостатокот на планета која има изобилство од ресурси кои во ова време се нерамномерно распределени, и многу други работи. Почетокот на промените секако најпрво се однесува на промената на свеста на луѓето,  која почнува од самите нас, за подоцна да се прошири како вирус кој практично ќе ни покаже дека навистина решението на проблемот сме го лоцирале со ниво на свест повисоко од она на кое бил создаден истиот.

Доколку  чуваствувате желба да помогнете, имате можност за тоа, имате конструктивна и добронамерна сугестија, доколку  и на Вас Ви е веќе премногу  она со кое секојдневно се соочуваме, доколку поседувате знаење или личен интерес  активно да  се вклучите во одреден тим, доколку стоите цврсто на идејата заедно да вдишеме со полн капацитет, да резимираме каде сме и каде не води сето ова, да земеме учество во мирољубива борба за свет со повеќе ЉУБОВ

Тогаш, добредојдени сте во нашето Движење да контрибуирате со  чиста енергија, за ЗАЕДНО да направиме нешто подобро.

Во продолжение,  следи краток опис на содржината со која треба да се запознаете во случај да се пронаоѓате во погорните реченици,  која вклучува материјали,најчесто поставувани  прашања и одговори, линкови, идеи за иден активизам, и профил на македонското Движење, неговите, цели, стремежи и желби како и контакт податоци од неколку наши членови со кои можете да разговарате на темите кои Ве интересираат,

Ви благодариме на одвоеното време и внимание  и се надеваме дека ќе ви се допадне начинот на кој функционираме.

 

Со почит,

Движење Духот на Времето – Македонија